Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Стопански двор-Скопје, настанал пожар во ѓубриште во двор од викенд куќа сопственост на Д.Ѓ.(86) од Скопје.

Од пожарот била зафатена и изгорела викенд куќата, при што со повреди се здобил сопственикот, кој бил во неа. Негов пријател го извадил, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.

Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.