Полицијата информира дека три лица, поточно двајца кумановци и еден жител на Слупчане, липковско ги нападнале своите мајки. Случаитe биле пријавени на 26 мај.

Вчера во 16 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син.

Во 17.30 часот и 70-годишна кумановка во полиција пријавила дека физички била нападната од нејзиниот син.

На полноќ полицајците уапсиле 24-годише жител на липковско Слупчане кој исто така ја нападнал својата мајка.

СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.