Вчеравечер околу 21 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.

Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг на јавно претпријатие во кое работеле, со гумени црева извлекувале, односно одземале гориво од резервоарите.

Кај нив биле пронајдени и одземени 7 пластични канти со гориво и две гумени црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.