Министерството за внатрешни работи информира дека е казнет возач со 4.07 промили алкохол.

Во 13.34 часот денеска полициски службеници од СВР Охрид – ОВР Струга, при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга, го санкционираа возачот К.Б., бидејќи по извршеното алкотестирање, биле измерени 4.07 промили на алкохол, се вели во соопштението на МВР.

Лицето било исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен е соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.