Воз кој сообраќал од Битола кон Скопје прегази човек кој лежел на пругата.

Вчера во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на потегот помеѓу стојалиште „Браилово“ и стојалиште „Слепче“, удрил во едно лице кое лежело на пругата. Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија, велат од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.