Во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, денеска се санкционирани 41 возач, информира Министерството за внатрешни работи.

Од нив, осум возеле без возачка дозвола, 25 возачи не користеле заштитна кацига за време на возењето, а санкционирани се и други прекршоци.Од МВР потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.