На 16.07.2023 во 01:35 часот на улица „Будва“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Н.(27) од Охрид, а на службен разговор во полициска станица ги повикале С.Ј.(31) и Д.К.(26) од Охрид затоа што во возилото во кое биле затекнати била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходно, во 02:00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утрово во 03:20 часот во с.Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.Ј.(38) и Л.А.(36), двајцата од с.Џепчиште, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23:45 часот на ул„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утрово во 01:15 часот на ул.„Егејска“ во Прилеп, полициски службеници на ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.Т.(31) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.07.2023 во 00:50 часот во казино во с.Лешок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(52) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 20:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од Полициското одделение Стар Дојран го лишиле од слобода И.М.(33) од Валандово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утрово во 01:45 часот на место викано „крстосница Чалакли“, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Б.П.(43) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.