На 15 јули, во 09:45 часот на Камениот мост во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје.

Како што велат од МВР, тој се сомничи дека на 16.04.2023 со употреба на сила влегол во нотарска канцеларија на Е.М. и одзел предмет. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

Р.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.