МВР информира дека вчера полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија канабис сатива, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства.

По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.