Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот кој протестира на слобода, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На 07.07.2022 година, МВР излезе со официјално соопштение, во кое наведуваат дека лицето Е.Ј. од Скопје, кое на истиот ден со огнено оружје – пиштол од марката „Walter P99“ пукаше додека поминуваше колона на луѓе при протест и поднесе кривична пријава по брза постапка. За денеска, една недела потоа ЈО да излезе со став дека пиштолот од кој било пукано не е огнено оружје, туку пиштол за светлосно звучна сигнализација од марката „EKOL Aras Magnum“.
ЈО си зема за слобода и покрај наодот на МВР, кои излегле на лице место и го земале пиштолот од кој било пукано да излезе и да каже дека пиштолот од кој било пукано е друг пиштол, а не тој кој првично е најден кај лицето. И додека се случува ова МВР молчи, и следно е да излезат и да кажат дека направиле грешка и да се извинат што го вознемириле пукачот.
Предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски прават кривично дело од чл.353 Злоупотреба на службена положба и овластување и чл. 365 Помагање на сторител во извршено кривично дело.
Власта е до толку во паника што се впушта во прикривање на кривично дело и обид за убиство.
И предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски треба да знаат дека прикривањето и злоупотребата на службената положба се кривични дела за кои ќе одговараат – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.