Вчера во 11:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б.(41) од Велес затоа што во семејниот дом, по кратка расправија, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивната малолетна ќерка, информира денеска СВР Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.