По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и Основното јавно обвинителство Велес, на 14.07.2022 во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ш.(43) од Велес.

Тој се сомничи дека на 09.07.2022 во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на Д.В.(46) од Велес, кој на 13.07.2022 од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес.

По преземени мерки било констатирано дека на 09.07.2022, Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека не се сеќава како се здобил со повредите, по што самоиницијативно ја напуштил болницата. На 13.07.2022 во својот дом тој бил пронајден во тешка состојба и повторно бил пренесен во болницата каде што починал.

По наредба на Јавен обвинител врз телото била извршена обдукција и било утврдено дека смртта настапила како последица на здобиените повреди.

По преземени мерки, извршени разговори со повеќе лица, како и прегледување на безбедносните камери од казиното, било дојдено до сознанија дека сторител на делото е Г.Ш., кој бил пронајден и лишен од слобода во Стар Дојран.

По целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Велес , против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.