Вчеравечер во 22:35 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени О.О. (25) и О.Е. (29), осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица, сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од Е.Џ. и Е.Н., кои пукале со пиштол кон нив, откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач, велат од МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.