Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на Б.Н.(77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т.(79) и нејзината сестра Б.Н.(70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид.

Во гаснење на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.