Вчеравечер во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„1“ и ул.„2“ на Кадински пат се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од малолетник од с.Кадино, општина Илинден и патничко возило „киа“, управувано од И.А.(40) од с.Мралино, општина Илинден, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.