Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија.
Како што соопштија од ЦУК македонскиот државјанин доживел мозочен удар за време на службен пат во Унгарија и денеска бил превезен со полициски хеликоптер на МВР на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“.
Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, по првиот пат на 11 април.
Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од Унгарија на болно лице, македонски државјанин, до Република Македонија со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади. Конкретно, на 18 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегед. Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот ‘бел’ 412, во содејство со Министерството за здравство“, велат од ЦУК.
Хеликоптерот на МВР третпат се користи за транспорт на пациенти. Првпат тоа се случи на 6 февруари кога од една од приватните болници во Скопје пациент беше пренесен на лекување во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.