На 30 ноември во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“, Васко Трајковски, во СВР Велес пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска.

Во истото училиште лани беше откриен сериозен инцидент кога беше објавено видео на кое ученик напаѓа професорка:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.