Загинатиот во пукотниците кои се случувале синоќа околу 23 часот на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарската улица во Скопје, е познат пејач, велат информациите на 24инфо.

Според првичните ингормации, инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје.

Во 23.40 било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ има пукање каде има повредени лица. Во 23.45ч пријавено е дека едно лицето Т. А. со повреди од огнено оружје е донесено во ГОБ „Наум Охридски“ и е качено во операциона сала. Од Ургентен центар е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица, О. Б. и А.И. од Скопје, исто така со повреди од огнено оружје.

Повредените лица се надвор од животна опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.