Денеска (14.11.2023) во 17:25 часот на подрачјето на скопски Центар, Оперативен тим Потраги ја лиши од слобода С.М.(61) од Скопје.

За неа била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба, осудена на казна затвор во траење од 5 години за сторено кривично дело “даночно затајување” по член 239 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.