Во Скопје во 12.35 часот на ул.„Радишанска“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г. (46) од скопското село Радишани.
Од МВР информираат дека тој бил баран по Централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.