Полицијата ноќеска во 01.45 часот го лишила од слобода Б.Ѓ.(34) од Гостивар, откако при претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

Б.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.