СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(30) од Р.Турција, со дозвола за престој во Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 24.11.2022 во Штип, во близина на Градскиот трговски центар, при извршен преглед над пријавениот и патничкото возило кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана, се наведува во соопштението на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.