Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила изутрината околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар. Сите пет повредени се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош.

На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.