Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 852 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 37,74%, а 62,26% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 54,65%, кон Итната медицинска помош 34,03%, а кон пожарникарите 9,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,55% со другите 61,19% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 157 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Имало вкупно 28 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, од коишто еден се уште е активен, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека вчера во 14:15 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава за пожар помеѓу селата Зелениково и Градовци (Општина Зелениково), каде што гори ниска шума и ниска вегетација. БППЗ на Град Скопје не можела да интервенираат заради непристапен терен за нивните возила. Од РЦУК Скопје биле известени ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ Скопје, Општина Зелениково и ДЗС Скопје.

Инаку, согласно известувањата од регионалните центри во ЦУК, за пријавени и изгаснати пожари на отворено, билансот за пожари на отворено коишто се изгаснати е: РЦУК – Скопје, бележи 5 односно 4 изгаснати; РЦУК Охрид 2, РЦУК Велес и РЦУК Штип по 1; РЦУК Битола 6; РЦУК Тетово 5 и РЦУК Куманово бележи 8 изгаснати пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.