Тројца скопјани вчера биуле искасани од улични кучиња.
На 12.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.К.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај река Вардар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 12.08.2024 околу 11.45 часот во Полициската станица Драчево, М.У.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 12.08.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Кисела вода, М.С.(39) од Скопје пријавила дека на автопатот „Пријателство“ во близина на Велес била касната од куче скитник, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.