На 26.08.2023 во 13,30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Банско- с.Моноспитово патничко моторно возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(24) од Кочани излетало од патот.

По несреќата возачот и неговите сопатници С.Б.(19) и 17 годишник, двајцата од Кочани биле пренесени во Медицински центар Струмица каде од лекар на С.Б. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на возачот и малолетникот им биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.