Денеска (18.03.2022) во 03.00 часот на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин на 01.03 и 08.03.2022 и едно кривично дело „одземање на моторно возило“. Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници, во присуство на нивни родители, ги признале делата. По целосно документирање на случаите против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.