Утрово 40-годишна скопјанка била тешко повредена откако била удрена од момче кое управувало патничко возило.

Како што информираат од МВР несреќата се случила денес околу 9 часот на крстосницата од улиците „Франклин Рузвелт“ со „Орце Николов“.

– Денес во 9:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. Франклин Рузвелт со ул. „Орце Николов“ во Скопје, патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Г.(24) од Скопје, удрило во К.Р.(40) од Скопје – велат од министерството.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Р., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Според информациите, увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на самото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.