Во неколку полициски акции на различни точки на територијата на Скопје, се уапсени три лица кај коишто е пронајдена марихуана, како и други видови дрога.

На подрачјето на Центар вчера во 19:50 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.Ј.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. 

 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 22:50 часот на подрачјето на Центар го лишиле лишен од слобода Н.Ј.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

 

Во парк-шума Гази Баба вчера во 22:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана – информираат од МВР.

По целосно документирање на случаите против приведените ќе бидат поднесен соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.