Продолжуваат засилените полициски акции ширум државата за контролирање и казнување сообраќајни прекршоци.

На подрачјето на СВР Штип, полициски службеници вчера спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 52 прекршоци, од кои 38 надвор од населено место и 14 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 2 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 11 за непрописно паркирање – информираат од МВР.

Полициските службениц биле активни и во Битола каде што се изречени вкупно 19 казни.

На подрачјето на СВР Битола вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 19 мерки, од кои 9 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 10 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци – додаваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.