Вчера во 12.00 часот во Полициското одделение Чегране, Б.Б.(43) од гостиварско Форино пријавил дека бил измамен од Н.М. од гостиварско Чегране.

Според пријавеното, за посредување за добивање на странско државјанство Н.М. на Б.Б. му побарал 5.200 евра, кои пријавителот во три наврати му ги платил, но кон крајот на 2021 година, откако сфатил дека бил измамен, му ги побарал парите назад, но не му биле вратени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.