Трагедија се случи вчера во скопската населба Пинтија откако дете беше нападнато од куче што го чувал неговиот сосед, по што им подглегна на повредите.
Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ вчера во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г., соопшти МВР.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според информациите на МКД.мк, станува збор збор за осумгодишно дете, кое било нападнато од куче од расата блу мастив откако влегло во дворот од куќата на Н.Г., сопственикот на кучето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.