Малолетник од Иловица загина во тешка несреќа што се случи синоќа кај Струмица.
Во 22.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат с.Иловица – с.Турново, струмичко, малолетник од с.Иловица, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, на кој се превезувале уште двајца малолетници од истото село, изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот.
Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.