Минатата вечер (02.09/03.09.2023) во периодот од 22:00 до 01:30 часот на место викано „Бабуна“ во Велес, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога.

Имено, полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила.

Притоа, во 22:00 часот од слобода биле лишени 19-годишната А.М. од с.Теарце, тетовско, А.Т.(20) од Прилеп и Д.Т.(20) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази.

Во 22:45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29) и Ј.А.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01:30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.