Вчеравечер во 23.55 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Н.Т.(18) од Скопје.

Како што соопшти СВР Тетово,  околу 23.40 часот ги зел клучевите од патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на неговата 26-годишна сестра, исто така од Скопје, и го стартувал. Таа се обидела да го спречи да го управува возилото, но не успеала, по што на улица „Илинденска“ Н.Т. изгубил контрола и возилото излетало од коловозот.

Неговата сестра се здобила со телесни повреди, констатирани во клиничка болница Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.