Двајца мотоциклисти се тешко повредени во две одделни несреќи што се случиле на 17 април во Скопје.

Првата се случила околу 16 часот на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(62) од с.Студеничани, Скопско и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од A.А.(25) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Вашингтонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.У.(55) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од 17-годишник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.