Вчера во 19:10 часот било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(52) удрило во пешакот С.А.(56), двајцата од Скопје.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.