Жена на 68 години како пешак е тешко повредена околу 14 часот во сообраќајна незгода случена на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Во неа удрило возило управувано од 36-годишник од тетовска Голема Речица.

Денеска во 14:05 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица, удрило во 68-годишната тетовка М.С. (пешак). Во несреќата. М.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.