Денеска (06.10.2022) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје настанал пожар во две товарни возила „рено“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на фирмата.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.