Вчера во 16.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на крстосница која го поврзува со ул.„Св.Јоаким Осоговски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(18) од Крива Паланка и автобус со бугарски национални ознаки, управуван од Н.А.К.(62) од Софија, Р. Бугарија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.