Пет лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „пежо 206“, управуван од Ј.С.(21) од Скопје и автомобил „хјундаи“, управуван од В.Т.(43) од Скопје, двата со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „хјундаи“, К.Н.(45) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатник од возилото „пежо 206“, Б.Ј.(21), и сопатничка од возилото „хјундаи“, Б.П.(44), двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.