Порталот „Охрид скај“ објави вознемирувачко ексклузивно видео до кое дошла редакцијата, кое покажува дека на 17-ти декември 2023 година, во 00:40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа, во која се повредени две лица.

Незгодата, како што пишува Охрид скај, се случила помеѓу патничко возило марка „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 37-годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двете лица во возилото „форд“, пишува Охрид скај.

Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а возачот на „Мерцедесот“ бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик,стои во соопштението на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.