Жител на кумановско и кратовско село и кумановец се степале утрово во кафеана во населбата Перо Чичо, соопшти денеска полицијата.

Утрово во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во населбата Перо Чичо бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.С.(22) од село Лопате, кумановско, И.Д. (41) од село Трновац, кратовско и М.М.(30) од Куманово, информираа од полицијата.

Полицијата направила записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.