Вчера во 18.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода М.З.(86) од гостиварско Долна Бањица.

Во ОВР Гостивар тој бил пријавен од 37-годишната Г.И. од Гостивар дека околу 17.45 часот во зградата во која живеат физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка и ѝ се заканил со остар предмет.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.