На 29 март во 02.15 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.И.(26) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Д.Ј.(21) од Скопје.

Притоа, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.