На 26.06.2023 во 05.20 часот било пријавено дека автопатот Неготино-Демир Капија, во близина на ТЕЦ Неготино, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Б.(35) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Б.(34) и малолетен сопатник од Р.Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.