Жител на Македонска Каменица пријавил во полиција дека негов сосед со пушка му го застрелал кучето.

А.А. од Македонска Каменица вчера во 16.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица пријавил дека околу 16.30 часот во атар на село Цера, С.Н.(45) од Македонска Каменица со ловечка пушка застрелал едно куче на неговото семесјтво.

 

Извршен бил увид на местото на настанот, а полициски службеници од С.Н. одзеле ловечка пушка „баикал 12 Н-43“ и дозвола за оружје – информираат од МВР.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.