Четири лица, од кои двајца гранични полицајци се приведени во Бугарија поради поткуп и службен криминал во предмет на Окружното обвинителство – Ќустендил, соопшти обвинителството на Бугарија.

На 23.03.2024 година околу 23 часот при гранична контрола на граничниот премин Ѓуешево на границата со Македонија, државјаните на Албанија А.Г. (60) и С.Л. (39) им дале поткуп од 150 евра на двајца службеници од Граничната полиција.

Поткупот имал цел да му дозволи на С.Л. да влезе во Македонија без да биде санкциониран поради подолг престој во Бугарија.

Предложениот поткуп го прифатиле службените лица Г.В. (38) и И.С. (49). Другите двајца ги прекршиле обврските околу редот и организација на граничната проверка.

Со указ на обвинител, четворица се приведени како обвинети, и одредена им е мерка притвор до 72 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.