Министерството за внатрешни информира дека вчера во 08.25 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска“, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор.
Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор, се вели во полицискиот билтен.
Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.