Синоќа околу 21.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле 40 годишниот С.Б. од Велес, кој околу 20.00 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес со метален предмет го нападнал 20 годишниот Д.А. од Велес, по што оштетил и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.М. од Велес.

Како што информира Ристо Самарџиев од СВР Велес, 40 годишниот С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.